април 2, 2020

Охрид, 2. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Родилката од Охрид, која пред два дена почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е негативна на COVID-19, откако пост мортем е земен брис за анализа, информираат од Министерството за здравство.

Пациентката на возраст од 37 години завчера попладне била донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Лекарите на Клиниката за гинекологија и акушерство оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли, соопштуваат од ресорното министерство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука