Скопје, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Таа на 30-ти март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален. Клиниката за гинкеологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се’ уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ФБ Венко Филипче фото: архива