Охрид, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска почнуваат Петровденските пости кои ќе траат до Петровден, кој секогаш се одбележува на 12-ти јули.
Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.
Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.
За време на овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива