јуни 19, 2020

Скопје, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во синоќешното издание на „КликПлус“ на Тв21, гостуваше министерот за здравство Венко Филипче, кој најави ќе се разговара за отворање на границите без тестови и карантини.

– После отворањето на границите, нема да важат карантините ниту тестовите. Ќе разговараме за ова за време на викендот. Анализата на новозаразените и кластерите, ќе ни покаже до каде сме, и врз основа на тоа ќе носиме одлука, рече Филипче.

Тој додаде дека веќе е во разговори со земјите од регионот за координација околу целосното отворање на границите.

– Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација. Сите имаме сличен епидемиолошки ризик. Само што сега ние први изреагиравме. Многу е битно да имаме координација за да се следат апсолутно сите контакти доколку е потребно. Ќе разговараме викендов и одлука ќе носиме на почетокот на следната недела, изјави министерот за здравство. (Крај)

извор: Тв21 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука