Охрид, 6. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денес во Охрид оствари средби со туристички, угостителски работници, и со туристички водичи, како и со дел од здравствените работници.
– Главната загриженост е сериозната потешкотија со кое што Охридското крајбрежје се соочува во однос со туризмот. И заеднички заклучок беше дека онаа би рекол акција на делење на ваучери за жал се покажа како неуспешна за да му помогне на реално на туристичкиот сектор. Бидејќи дури и бројот на домашните туристи во Охридското крајбрежје е намален за 64%. Затоа сметаме дека власта наместо да менува во четири години три министри за финансии, подобро е да го смени концептот кон Охрид и Струга, и да понуди реални проекти што можат да му помогнат на градот, на туризмот и стопанството. Тоа се нашите заклучоци, и ќе пробаме преку Собранието заедно со пратеници од Охрид, да предлагаме закони, амандмани и решенија кои што можат да бидат и помош за граѓаните и за стопанството, порача Милошоски од Охрид.
Покрај Милошоски на средбата присуствуваа и пратениците Рашела Мизрахи и Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива