мај 30, 2020

Скопје, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – По денешната седница на Советот за безбедност, Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски најави дека ќе има нова вонредна состојба, која почнува веќе од утре.

– После седницата за Советот за безбедност, бев информиран за случувањата во текот на изминатите денови. Ќе донесам нова одлука за 14 дена вонредна состојба, која почнува да тече од утре. Оваа одлука нема никаква корелација со датумот за изборите, рече Пендаровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука