Вашингтон, 2. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на COVID-19.
Во твит, претседателот Трамп објави: „Вечерва, @FLOTUS (првата дама на САД) и јас се тестиравме и сме позитивни на COVID-19. Веднаш влеговме во карантин и го започнавме процесот на закрепнување. Ќе го поминеме ова ЗАЕДНО!“
Првиот човек на САД претходно изјави дека тој и првата дама ќе се самоизолираат откако Хоуп Хикс, една од неговите најблиски соработници, објави дека е позитивна на корона вирусот. (Крај)
извор: Sky News фото: Sky News
Прочитано: 34