март 6, 2021

Охрид, 6. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 76-годишниот Н.Л. од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнените дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против 53-годишниот В.К. од Охрид поради сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

– Првопријавениот, во периодot од август до декември 2020 година, на катастарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпејчко кале“, што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрениe за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификуван геодетски елаборат, изработен од страна на второпријавениот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука