јули 7, 2020

Охрид, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен македонски граѓанин.

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: За конкурсот за расказ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули 2020 година. Доставените трудови не се враќаат.

Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 7-ми август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука