Охрид, 11. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот македонски амбасадор во Германија и актуелен професор на Универзитетот за применети науки во Берлин Горан Рафајловски повика да се гласа за ГДУ на претстојните избори.
Рафајловски на денешниот настан во Охрид насловен како „Разговор под дрвото“ упати апел и повик до сите македонски граѓани да излезат на претстојните парламентарни избори и да го дадат својот глас за ГДУ.
– Ги повикувам граѓаните да гласаат за ГДУ и да дадат допринос кон развојот на демократијата и слободната политичка мисла во Македонија, рече Рафајловски.