Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јануари 2021 година во времето од 07:00 до 15:00 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19.
– Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: Охрид24
Прочитано: 26