јуни 2, 2020

Охрид, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, преку одделението за превенција, презема активности за контрола во спроведувањето на мерките и препораките на Владата на Република Македонија за заштита и превенција од коронавирусот COVID-19, поврзани со доследно почитување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана.Image may contain: textImage may contain: text

– Во рамките на овие превентивни активности, на целото подрачје на СВР Охрид, полициски службеници остваруваат редовни контакти со сопствениците и другите одговорни во угостителските објекти заради укажување на неопходноста од целосно спроведување на предвидените безбедносни мерки за заштита од COVID-19 и успешно менаџирање со објектите под овие околности. Притоа, полициските службеници, на угостителите им делат флаери со целосниот сет мерки од протоколите за работа, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука