СВР Охрид со официјално соопштение за инцидентот во Струга во кој настрада 34-годишна жена
април 21, 2021

Струга, 21. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти април 2021 година, во 19:15 часот во СВР Охрид, 49-годишниот Е.Т. од Струга пријавил дека околу 19:00 часот, додека 34-годишната С.Р. и пет години постариот Ј.Р., двајцата од Битола, со привремено живеалиште во Струга, биле во неговиот стан, каде биле присутни уште неколку лица, по претходна расправија, Ј.Р. со нож ја нападнал неговата сопруга С.Р. и ѝ нанел повреди.

– Според пријавеното, тој се обидел да побегне, но бил спречен, по што со ножот сам се повредил. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај С.Р., а Ј.Р. бил префрлен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Струга. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука