Охрид, 17. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти март 2021 година, во периодот од 18:00 до 22:00 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид изврши сообраќајна контрола.
– Санкционирани се 10 возачи на моторни возила кои извршиле непрописно паркирање и еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и одземени му се возачките документи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 28