јуни 25, 2020

Охрид, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 64 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-26, Струга-17, Кичево-16 и Дебар-05).

– Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 562 лица (Охрид-236, Струга-245, Кичево-81). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 323 контроли (Охрид-151, Струга-96, Кичево-76). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 271 лице (Охрид-28, Струга-84, Кичево-67, Дебар-92). Врз овие лица, извршени се 118 контроли (Охрид-09, Струга-14, Кичево-14, Дебар-81). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 35 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-16, Струга-19, Кичево-30, Дебар-9), информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука