News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
април 6, 2020

Охрид, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информираат од Секторот.

– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 5-ти до 07:00 часот на 6-ти април 2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Истовремено, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, не се евидентирани нови лица со решение за изолација и извршени се 49 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Во Дебар има 4 нови лица во самоизолација и извршени се вкупно 237 контрола на овие лица (Охрид-1, Струга-168 и Дебар-68). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 668 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 390, Струга- 278) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 97 контроли на угостителски објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука