септември 19, 2020

Охрид, 19. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Охрид излегоа со реакција на изнесеното на вчерашната прес конференција на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, д-р Кирил Пецаков, во врска со водостојот на Охридското Езеро.

Во реакцијата,  од СДСМ посочуваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ неосновано критикуваат и треба да се соочат со фактот кој јавноста го знаеше, а „само тие не“, дека отворениот испуст на реката Црн Дрим кај Струга бил најавен.

-АД Електрани вчера веќе излезе со соопштение во кое се вели: Краткотрајното испуштање вода од Охридското Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим преку проект на УНДП. Во моментов котата се наоѓа на 7 см над минималната кота. Зголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10.000 м3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим. Проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга. На барање на изведувачот на работите, АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница. Работите успешно завршија, и на 17.09.2020 година, при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в. заврши понатамошното намалување на нивото. Инаку, дозволените коти на Охридско Езеро, согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693.75 до 693.10. И овој прес на пратеникот Кирил Пецаков е пукање во празно и колку нешто да се сработи и да се покаже активност. Еве, јавно СДСМ – Охрид го поканува да застане заедно со неговиоте колеги пратеници од нашите редови во Парламентот со конструктивни предлози да работа за доброто на Охрид и езерото, реагираат од партијата. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука