Скопје, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес напладне, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
Според најавите, на денешната седница треба да се донесе одлука за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Потоа треба да заседава и Советот за национална безбедност за кој од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски поврдија дека ќе се одржи денеска. На Советот ќе биде потврден или одбиен предлогот на Владата.
Од одлуката за вонредната состојба што ќе биде донесена денеска зависи и одржувањето на изборите. Иако се сметаше дека по олабавувањето на мерките вонредната состојба ќе биде укината, сепак вчерашниот ден во кој имаше 52 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 2, Велес 1 и Кочани-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива