јули 14, 2020

Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Познати противниците на ГФК Охрид Лихнидос за тестирање на формата во пресрет на новата играчка сезона.

Охридскиот клуб ќе одигра седум контролни натпревари со екипи од Првата и Втората фудбалска лига. Прв противник на сино-белите ќе им бие Караорман, по што ќе следи мечот со повратникот во Првата лига Пелистер.

Фотографија на ГФК Охрид Лихнидос.

Следен противник е екипата на Кораб, а на 28-ми овој месец ќе играат против Македонија Ѓорче Петров. На 1-ви август е пријателската средба со Струга Трим Лум, четири дена подоцна со Питу Гули, а тест средбите ќе ги заокужат на 15-ти август кога за противник го имаат кавадаречки Тиквеш.

Според најавите стартот на новата натпреварувачка сезона во Втората лига е закажан за 22-ри август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука