февруари 14, 2021

Белчишта, 14. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се чистат патните правци во Дебрца, механизацијата е на терен, објави на неговиот официјален профил на Facebook првиот човек на општина Дебрца Зоран Ногачески.

– Механизацијата од изутрина е на терен. Приоритетно ги чистиме главните правци, а потоа и улиците. Ве разбирам сите, ама молам за трпение, до пладне се’ ќе биде исчистено, информира Ногачески.

May be an image of road, snow, nature and tree

Тој додава дека патот од селото Ботун до селото Брежани е исчистен, но дека поради наместа замрзнат коловоз се препорачува внимателно возење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Зоран Ногачески

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука