Охрид, 2. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.А. од Скопје.
– На 13-ти март 2020 година, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, тој потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за Коронавирус. По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23-ти март 2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива