Охрид, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението коешто се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Ова доаѓа откако трансфузиолошкото одделение во охридската Општа болница е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице коешто како пациент отишло да подигне терапија преку системот „Мој Термин“, за после неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дијагностициран коронавирусот кај пациентот.
– Сите 10 вработени – докторите, медицинските сестри, помошно-техничкиот персонал кои биле во контакт со пациентот се во домашна изолација, рече Филипче.
Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв и крвни продукти и во ниту една болничка установа снабдувањето со крв не е загрозено. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива