Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро полека се нормализира, но и понатаму е под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,17 м.н.в, што е за 11 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,28 м.н.в), односно 7 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 14 степени, што е за 2,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.
-До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР