Охрид, 29. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со вчерашните рекордни 26, во Охрид во моментов има 200 активни случаи на COVID-19, покажуваат официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија.
Вкупниот број на заболени лица до овој момент во Охрид од почетокот на пандемијата е 658 лица.
Во соседна Струга има 98 активни, од вкупно 807 регистрирани случаи на заболени лица.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.
Парламентот на Република Македонија синоќа ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. За непочитување на мерката за задолжително носење на маска казната изнесува 20 евра, за прекршителите на решенијата за самоизолација казната е 50 евра, додека тие што ќе се групираат на отворено во забранети периоди ќе платат казна од 500 евра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива