Скопје, 2. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата ги донесе уредбите со законска сила за мерките за спас на работните места за фирмите погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.
Премиерот Оливер Спасовски на прес конференција уште еднаш ги појасни мерките за помош на фирмите, начинот на аплицирање и условите кои треба да се исполнат за добивање на финансиска помош. Барателите може да одберат една од мерките: финансиски средства за испалата на плати на вработените или покривање на 50% од придонесите на плати на своите вработени, истакна Спасовски.
– Со мерката за испалта на плата за секој вработен во висина од 14.500 денари за месеците април и мај ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник за април и мај е 29.000 денари. Парите ќе се префрлат на сметката на работодавачот, но се наменети за вработените. Оваа уредба го опфаќа секое претпријатие од приватниот сектор кое вработува работник врз основа на договор за вработување, секое правно лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавачите кои преку приватни агенции за вработување ангажираат работници. Доколку работник бил ангажиран на полно работно време ќе му биде исплатен целиот предвиден износ односно 14.500, а доколку бил ангажиран со скратено работно време ќе му биде исплатен сразмерен износ. Работодавачот, барател на финансиска поддршка поднесува барање за испалта на плати до УЈП која е задолжена да ја утврди формата и содржината на обрасците за барањата за финансиска поддршка. Се поднесува преку ситемот е-даноци на УЈП најдоцна до 5-ти во месецот за претходниот месец. Комплетноста на барањето го потврдува УЈП во рок од три дена од прием на барањето. УЈП по обработка ќе го информира барателот за висината на сумата што ќе ја добие. Износот ќе се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец.
Работодавачот кој користел средства за исплата на плати ќе има обврска да ги врати во целост средствата заедно со камата за јавни давачки доколку по извршена контрола од УЈП или Државниот инспекторат за труд се утврди дека не ги исполнил условите. За врметраење на мерката и 4 месеци по престанување на оваа Уредба, заклучно со септември 2020 работодавачот има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој поднел барање за финансиска поддршка намален за број на вработени заради пензионирање или смрт на работник.
Како алтернатива може да се искористи и мерката за покривање на 50% од придонесите на плати на своите вработени. За секој вработен осигуреник да се субвенционира придонес за задолжително социјално осигурување. Со мерката се очекува да бидат опфатени околу 20% од осигурениците односно околу 53 000 осигуреници, за што се потребни 284.345.000 денари месечно, потенцира Спасовски.
Премиерот информира дека донесена е и уредба со законска дејност за занаетчиите и самостојните вршители на дејност погодени од кризата со короана вирусот. Помошта за физичко лице кое врши самостојна дејност ќе се рализира преку владината програма за исплата на финансиски средства на трансакциска сметка за месеците април и мај, во износ најмногу од 14.500 месечно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива