Москва, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Стадионот „Лужники“ во Москва ќе биде покриен со 1.000 камери за време на Светското фудбалско првенство во 2018 година.
Безбедносните стручњаци, во командниот центар ќе го следат секое движење на трибините и во случај на потреба ќе реагираат соодветно.
„Лужники“ ќе биде главен стадион на мундијалскиот фудбалски турнир во 2018 година, на него ќе се одиграат четири меча во групната фаза, меѓу нив и премиерниот, и по едно осминафинае, полуфинале и мечот за титулата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16