март 23, 2020

Скопје, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Транспортот на извоз и увоз на стоки се нормализира и се одвива слободно без застои поради полицискиот час. Вратени се возачите од кризните подраќја, а се обивуваме да ги донесеме и граѓаните заглавени во одделни држави. Од утре секој транспортер ќе мора да ја поседува дозволата издадена од здравствените власти. Од понеделник ќе се реализира мерката за ослободување од царина на медицинска опрема и средства за дезинфекција, заштитна опрема маски и ракавици и репроматеријали.

Ова го соопштина на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Сугарески информира дека договорот за финансиска поддршка за Визер е ставен во мирување.

– Меѓународниот превоз на патнци е во мирување. Меѓуградскиот и градскиот превоз да се одвива со растојание од 2 метра на патниците и преполувување на бројот на патници – рече Сугарески.

Тој додаде дека доколку биде потребно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села.

– Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патницитие да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг. Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена – рече тој.

Сугарески рече дека веќе се почувствувало намалувањето на превозот на патници во железницата каде што исто така се воведени мерките за држење растојание.

– Сите вагони се ангажирани за превоз на стоки за компаниите – рече Сугарески.

Директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски информира дека движењето на стоката и покрај полицискиот час се одвива непречено.

– Дозволено е транспорт на стоки со соодветен документ, а возачите не смеат да ја напуштат рутата. Слободно движење за време на полицискиот час се однесува за граничните премини Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Боогородица и Меџитлија – информира Танасоски.

Image result for ѓоко танасоски

Тој информира дека се направени олеснувања во корист на компаниите.

– Продолжени се одобренијата за поедноставеницарински постопки.Бесхартиено извозно царинење во сите постпаки и на гранични премини. Ќе бидат продолжени банкарските гаранции. Во рамки на ЦЕФТА овозможен е зелен и син приоритетен канал каде што во тек е опредлеување на кои стоки ќе се однесува – рече Танасоски.

Тој информира и дека се продолжени одобренијата за поедноставени царински постопки, бесхартиено извозно царинење во сите постпаки и на гранични премини. Ќе бидат продолжени и банкарските гаранции.

Најави дека ќе и предложат на владата во понделник да ги ослободи од цариснките давачки за суровини и медицински материјали, средства за дезинфекција заштитни маски и ракавици и медицинска опрема.

– Во интерес на снабдување на здравствените установи со етил алкохол се прават измени на законот и производителите се ослободуваат од постапките. Царинската управа ќе го олесни и производството и превозот на алкохол од дестилати за потребите на здравствените институции – рече Танасоски. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука