Охрид, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – „Златен септември“ е месец за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти и проблемите со кои се соочуваат, со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди.
Во таа насока невладината организација САНО спроведува кампања, од која дел може да биде секој и да даде поддршка.
– Сé што треба да се направи е да ни испратите ваша слика, која ќе биде јавно објавена, на која носите нешто златно (лента, блуза, марама, венче) и сите заедно симболично да ги бодриме и да им укажеме на храброста на овие деца, велат од САНО.
Како и многу пати досега Супер радио и OhridPress ја поддржаа и оваа кампања, давајќи свој придонес и поддршка за децата кои се борат со малигни заболувања.
Во чест на сите деца кои се борат со малигни заболувања, Универзитетската клиника за детски болести, заедно со волонтерите од САНО, в сабота, 19-ти септември, од 11:00 часот огранизираат настан на градскиот плоштад во Скопје, „500 златни балони за децата херои“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес