јануари 22, 2021

Лондон, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Јапонската влада дошла до заклучок дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот, објави Тајмс. Британското издание се повикува на неименуван висок член на владејачката коалиција.

Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 година.

Јапонија е помалку погодена од пандемијата отколку другите развиени економии, но неодамнешниот скок на бројот на инфекции ја принуди да ги затвори своите граници за странците кои не живеат во земјата и да прогласи вонредна состојба во Токио и други поголеми градови.

По објавата на Тајмс, јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека сака ОИ да бидат реализирани. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука