Скопје, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот полициски час останува до крајот на неделата, дознава Тв Телма. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките.
– Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23-ти мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавње на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21:00 часот навечер, јави Тв Телма.
Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10:00 до 18:00 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.
Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18:00 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости. Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција. (Крај)
извор: Тв Телма/Весна Јовановска Дојчиновска фото: expres.mk