Охрид, 23. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2020 година, околу 11:00 часот во месноста „Орли“, во атарот на селото Црвена Вода, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, ги затекнале Р.Б.(20), Б.Џ.(40) и Ј.Б.(40), сите од струшкото село Мислодежда.
-На местото, пронајдени се околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35