Скопје, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – За време на полицискиот час во деновите од викендот, сопствениците ќе имаат три термини од по половина час за шетање на своите миленици.
Во сабота и недела, кога според последните одлуки има целосна забрана за движење 24 часа, граѓаните кои имаат миленици ќе може да ги изнесат од 08:00 часот до 0:.30 часот, попладне од 15:00 до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 до 20:30 часот.
Според одлуката на Владата, од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги шетаат милениците во перидот од 20:00 до 20:30 часот.
Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат, да задржат растојание од останатите лица без групирање.
Од утре почнуваат новите ограничувања во движењето. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, за лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива