Охрид, 7. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Туристичките работници ја потсетуваат Владата на ветувањето дека веднаш по формирањето ќе ги стави на дневен ред барањата кои чекаат да бидат разгледани повеќе од три месеци.
Истите се веќе доставени до Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој е запознаен со проблемите со кои се соочуваат со затворањето на границите.
Туристичките работници напоменуваат дека доаѓаат есенските и зимските денови, кои секако се мртов период, а со неможноста да се реализираат летните аранжмани, уште повеќе им се отежнува ситуацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 64