Охрид, 9. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 10-ти јули екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведат земјено запрашување против комарци.
– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од село Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потегот на рекаите Грашница и Коселска Река, информираат од ЦЈЗ.
Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива