јуни 18, 2020

Скопје, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес конференција ги повика хотелиерите сериозно да пристапат кон правилна примена на сите мерки од протоколите кои се однесуваат на работните места или организација на конференции, состаноци и други видови на обуки.

Таа соопшти дека Владата на 69-та седница, одржана на 16-ти јуни, го усвои Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други објекти за сместување), со кои се предвидени процедури за хотелскиот дел, ресторански процедури, употребата на санитарните јазли, општи препораки за гостите и препораки за постапување при појава на случај со симптоми со COVID-19.

– Сите овие протоколи се значајни пред се за заштита на јавното здравје, заштита на гостите и посетителите на хотелите и заштита на персоналот кој работи во хотелите. Протоколите кои се однесуваат на мерките за превенција и спречувањето на ширењето на коронавирусот COVID-19, по објавата во Службен весник, се објавуваат и на специјализираната веб страница koronavirus.gov.mk, каде што сите заинтересирани може да се информираат за сите мерки коишто Владата ги носи, информираше Филипоска- Грашкоска.

Охридските угостители со сериозни забелешки на строгите протоколи за работа на угостителските објекти за сместување. Велат дека во услови кога едвај опстојуваат под удар на корона кризата, овие мерки ќе бидат невозможни за исполнување, пред се’ затоа што ќе мора да се ангажираат дополнителни луѓе, а според дел од нив, самите протоколи ќе ги одвратат и гостите од посета на Охрид.

– Тие доаѓаат тука да уживаат, а протоколите забрануваат групирање, мора постојано да се носат маски. Тие работи едноставно не одат заедно, коментираат за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука