Скопје, 4. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница ќе предложиме до Владата да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, објави министерот а здравство д-р Венко Филипче.
-Работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 01:00 часот на полноќ за викенд. Исто така, ќе предложиме да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова. Го најавувавме тој зголемен притисок, што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори, објави Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива