Скопје, 10. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Доколку мерките се почитуваат ќе го избегнеме карантинот, но мора сите да се придржуваме до нив, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Сепак тој не ја исклучува можноста за целосен или делумен карантин по општините или градовите доколку мерките не се почитуваат.
-Искрено верувам дека овој предложен пакет на рестриктивни мерки кои се практично клучна алка ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, или целозно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Ги исцрпуваме можностите, има и можност да се интервенира во јавниот превоз или во скратување на работното време во некои економски компании и угостителски објекти, но тоа се опции. Сакаме да го избегнеме тоа. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот, рече денеска Филипче. (Крај)
извор: Фокус фото: архива