октомври 14, 2020

Скопје, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вакцината за COVID-19 во земјава се очекува да пристигне кон крајот на годинава или во почетокот на следната, рече министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

Како што кажа тој, нарачката е направена и штом стане достапна сите земји од Европа ќе ја добијат со подеднаков приоритет.

Вакцината на „Модерна“ ќе чини до 60, а на „Фајзер“ и „БиоНТех“ 39 долари

– Веќе аплициравме, вчера на Влада се одобри нашето учество и треба да ја направиме уплатата. Првата вакцина којашто ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана помеѓу сите земји членки коишто аплицирале во „Ковакс“ механизмот. Значи, кога ќе ја добијат и најразвиените земји, тогаш вакцината ќе ја добиеме и ние“, рече Филипче. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука