март 25, 2020

Скопје, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.

По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука