Скопје, 20. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, објави на официјалниот профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи. Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 49