Скопје, 8. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиската крива бележи пад од 15-ти април. Според исходот од заболувањето, 25.6% се активни случаи, 68.7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување, објави на неговиот профил на Facebook министерот за здравство д-р Венко Филипче.
– Од 15-ти февруари до 5-ти мај, тестирани се вкупно 17.863 материјали во лабораториите во кои се спроведуа молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 15.39 потврдени случаи на КОВИД-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7, објави министерот Филипче. (Крај)
Комплетната анализа ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива