Скопје, 9. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките. И понатаму се прават интензивни анализи на типот на вирусот, детектирана е таа варијатна на британскиот сој на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
– Засега сметаме дека нема потреба да остапуваме од мерките кои се сега на сила, рече Филипче.
Вели дека вчера остварил и средба со британската амбасадорка, на која размениле искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран во Велика Британија и какви мерки преземале.
Според анализите во МАНУ во периодот од 1-ви до 7-ми февруари присуство на мутираниот сој на вирусот SarsCov2 е забележан кај 45 примероци на брисеви од заразени лица. Првиот случај со овој тип во оваа лабораторија беше дијагностициран на 13-ти јануари кај пациент од Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп.
Веќе подолг период градов е на второ место во Македонија по број на хоспитализации и активни случаи со коронавирус. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива