Скопје, 14. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а како заклучоци од лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви протоколи за изборна кампања и за денот на спроведување на изборите кои мора целосно да се спроведат, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Сите лидери се изјаснија дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам сите партии, членовите и сите учесници во изборниот преоцес ќе го почитуваат протоколот. Протоколот произлегува од генералните препораки за заштина на граѓаните кои сега се во сила и ќе останат во наредниоот период. Допоплнтелно предвидува мерки кои го регулираат начинот на спроведување на изборната кампања, движење и организација на собири и на крај здравствениот прооткол за денот на гласањето. Протоколот е составен од четири дела, потенцира Филипче.
– Во однос на предизборната кампања согласно генералните препораки на Комисијата за заразни болести одржувањето на сите активности во кампања треба да се одвиваат исклучително со почитување на физичка дистанаца, задолжитело носење маска или прекривка на лице при реализација на сите активности секогаш на затворено, а на отворено кога не може да се одржи дистанца и често миење и дезинфекција на раце.
Во однос на спроведување на кампањата предлозите се: при одржување на било какви собири и други настани мора да се почитуваат сите овие мерки. Собирите кои се одржуваат на отворено и затворено со почитување на мерки и соогасно тоа и бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување. Кампањата од врата на врата исто така мора да се резлизира согласно овие протоколи, да се одржува дистанца од соговорниците, да не се влегува во домаќинствата. Партиските активности во штабовите секогаш кога е можно да се одржуваат на отворено, а ако е на затворено важат истите правила, задржување во партиски простории да не биде подолго од два часа, по што да се проветруваат и да се врши секојдневна дезинфекција.
Штандовите за делење рекалмен материјал не треба да служат како места за собирање на граѓани, а на штанд да нема повеќе од двајца партиски активисти. Партиски превоз се спроведува со средства за јавен превоз чиј капацитет е пополнет максимум 50% и сите внатре носат заштитна опрема, а превозниците да обезбедат средства за дезинфекција.
За денот на изборите членовите на гласачките одбори и акредитираните набљудувачи носат маски и ракавици, во просторијата седат со отворени прозори или проветруваат на секој час, а задолжително е да имаат средства за дезинфекција. Гласачите пред влез на избирачко место чекаат на дистанца, најпрво се дезинфициираат, па влегуваат во избирачкото место. По предавање на личните документи, картко ја симнуваат маската заради идентификација, а по гласањето повторно се дезинфицираат. Во гласачкото место не смее да има повеќе гласачи од паравани. Постои можност и за зголемување на време на гласање за два часа, за што ќе треба да се произнесе и Државната изборна комисија, потенцира министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива