март 23, 2020

Скопје, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме, напиша на профилот на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
Мерките мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи. Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските.

Државата размислува за нови дополнителни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот и заштита на најкритичните, наризичните групи граѓани. За нив се дискутира денес на Комисијата за заразни болести, која ќе ги достави до Централниот штаб, а по тоа и по потреба и до Владата.

– Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме дека и дополнително освен полицискиот час треба да им биде ограничено движењето преку ден, нормално со дозвола да се движат во раните утрински часови да се задоволат потребите, посета на аптеките и продавниците, но, не и преку останатиот дел од денот, како и за граѓани кои го шират вирусот, а се’ до 18 години и после дискусијата ќе ги соопштиме мерките, појасни Филипче на синоќешната прес конференција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука