јули 5, 2020

Охрид, 5. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство во Владата на Република Македонија д-р Венко Филипче денес во Охрид имаше јавна дискусија со младите здравствени работници.

– Ги слушнав нивните предлози и пораки – заеднички го унапредуваме здравствениот систем. Тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив. Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани. Со шест месечна платена работа почнаа 130 млади медицински сестри во Службата за патронажна дејност; Дадовме повеќе од 5.000 согласности за вработување; Одобривме 1.000 специјализации; За првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд; За 40% ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, од 20% до 23% на медицинските сестри, општите лекари до 25%; Со измените во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата, истакна министерот Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука