Скопје, 11. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа.
За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-Амбуланта. Доколку до 23-ти септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на средбата со претставниците на здруженијата на пациенти нагласи дека нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти. (Крај)
извор: локално.мк фото: архива
Прочитано: 28