мај 12, 2020

Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри и им заблагодарува за нивниот ангажман особено во периодот на борба со корона вирусот.Фотографија на Венко Филипче.

– Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против корона вирусот, напиша Филипче на Фејсбук. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука