Скопје, 8. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека со Комисијата за заразни болести предложиле полицискиот час за време на викендот да почнува од 19:00 часот и да трае до 05:00 следното утро.
– Тоа ќе биде дадено и ќе се одлучи на владина седница и после тоа ќе се информира јавноста. За олабавување на мерките, останува да ги следиме состојбите во текот на денешниот ден, истакна Филипче.
14 нови случаи на коронавирус COVID-19 и 20 пациенти кои ја победија болеста регистрира Институтот за јавно здравје во текот на изминатото деноноќие.
Оздравените пациенти се од: Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.
Во текот на изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 5, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 6. Досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива