октомври 22, 2020

Скопје, 22. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните, порача преку неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство на Република Македонија д-р Венко Филипче.

-Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје, истакна министерот Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука