Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 10 случаи со COVID-19, информира на прес конферендција министерот за здравство Венко Филипче.
– Има и пет оздравени пациенти во Скопје и Неготино, а за жал на Инфективната клиника почина еден пациент од Делчево. Досега се дијагностицирани вкупно 1674 пациенти со коронавирус, оздравени се 1205, починати 92 лица, со што бројот на активни случаи е 377. Изминатите 24 часа се направени 189 тестирања. Радува фактот што секојдневно расте бројот на оздравени пациенти, а се намалува бројот на починати. Кај здравствените работници од вкупно 242 дијагностицираним излечени се 217. Десет општини веќе немаат активни случаи со COVID-19, информира Филипче.
Тој најави дека од утре започнува скринингот на критичните категории и ќе се започне со вработените во градинките, по што ќе бидат ставени ви функција.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива